Ракометната Федерација на Македонија (РФМ) ги делегираше судиите и делегатите за натпреварите од Ф4 турнирот во Купот на Македонија во машка и женска конкуренција.
Првото полуфинале меѓу екипите на Охрид и Еурофарм Пелистер ќе го судат Михајло и Методија Илиевски, додека делегати ќе бидат Душко Камишевски и Ацо Николовски.
Во второто полуфинале меѓу екипите на Алкалоид и Вардар судии ќе бидат Исмаил Металари и Ненад Николовски, додека делегати ќе бидат Лери Мирчески и Бобан Мајнов.
А финалето кај мажите ќе го суди судиската двојка Димитар Митревски и Благојче Тодоровски, додека делегати ќе бидат Марјан Начевски и Марјан Огњановски.
Во првото полуфинале кај жените меѓу екипите на Пелистер и Ѓорче Петров судии ќе бидат Пеце Стефаноски и Наташа Глигороска, додека делегати ќе бидат Ерик Белимов и Владимир Саздовски.
Натпреварот меѓу екипите на Спартак и Чаир ќе го судат Александар Шуковски и Иван Илиевски, а делегати ќе бидат Игор Огненов и Васил Зипески.
Финалето ќе го судат судијките Лејла Јашар и Викторија Прентоска, додека делегати ќе бидат Славчо Каланоски и Васил Чавдаров.
(фото – Архива)📷








