Екипата на Еурофарм Пелистер 2 забележа победа против екипата на Радовиш со високи 38-23 во плеј-аутот од Супер лигата.
Составот на Еурофарм Пелистер 2 во текот на целиот натпревар имаше високо водство, па на крај да слави победа против Радовиш.
Најефикасни во редовите на Еурофарм Пелистер 2 беа Петар Маркоски и Ненад Белистојаноски со по седум гола, додека кај Радовиш најефикасен беше Иванче Ончев со шест гола.
(фото – Рк Еурофарм Пелистер 2)📷








