Екипата на Охрид забележа победа на гостувањето кај екипата на Алкалоид со минимални 27-26 во натпревар од плеј-офот од Супер лигата.
Составот на Охрид имаше контрола на резултатот во текот на целиот натпревар, иако Алкалоид се обидуваше да се врати, сепак загуби.
Најефикасен во редовите на Охрид беше Косуке Јасухира со седум гола, додека кај Алкалоид најефикасен беше Дамјан Митев со пет гола.
(фото – ГРК Охрид)📷








