Собир на машката сениорска репрезентација на Македонија пред претстојните бараж дуели против Словачка за пласман на Светското првенство 2027.
Првиот натпревар ќе се одигра на 14 мај во 19:00 часот во Прешов, Словачка, додека реванш бараж натпреварот ќе се одигра на 17 мај во 19:00 часот во СЦ „Борис Трајковски“ во Скопје.
На собирот присуствуваше и претседателот на Ракометната федерација на Македонија, Александар Стефанов, кој ги поздрави репрезентативците и стручниот штаб, посакувајќи им многу среќа и успешен настап во претстојните бараж натпревари.
(фото – РФМ)📷
















