Марио Келентриќ останува тренер на голманите во Вардар до 2028 година

Вардар ја продолжи соработката со тренерот на голманите Марио Келентриќ, кој и во наредните две сезони ќе остане дел од стручниот штаб на „црвено-црните“. Според новиот договор, Келентриќ ќе работи во клубот до јуни 2028 година.

Келентриќ пристигна во Вардар во јуни 2025 година, и легендарниот хрватски голман дојде во Скопје со богато искуство и енергија, откако работеше во Германија.

Келентриќ беше дел од „златната генерација на Хрватска“ која го освои светското злато во 2003 година во Португалија и среброто на Олимписките игри во Атина 2004.

Бранел за Загреб, Целје, Метковиќ, Тусем Есен и Мелсунген, а како тренер работел во Гумерсбах, каде четири години бил задолжен за сите категории на голмани во клубот. Исто така работел и со репрезентацијата на Босна и Херцеговина, како и во ППД Загреб и Слога Добој.

Одлуката за продолжување на соработката доаѓа по сезона во која Вардар се врати на трофејните патеки на домашната сцена и повторно ја освои двојната круна во Македонија. Голманите на Вардар на многу натпревари беа еден од клучните фактори за добрите резултати, а за нивната форма се грижи Келентриќ.

(фото – Рк Вардар 1961)📷

Давид Маркоски
Давид Маркоски

Давид Марковски-Поранешен ракометар на Рк Макалоски Прилеп и Рк Прилеп.

Администратор на страницата МК-Ракомет.

Вљубен во спортот, а посебно во ракометот.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *