Екипата на Охрид, која има високи амбиции за Супер лигата и во Европскиот Куп гради сериозен проект за во иднина.
Градоначалникот на Охрид, Кирил Пецаков беше во посета и се сретна со првиот човек на Веспрем, Чаба Барта.
Кирил Пецаков упати официјална покана до Веспрем за учество на традиционалниот меѓународен турнир во Охрид – „Крсте Андоновски“, со надеж дека веќе од следната година македонската публика би можела во живо да гледа уште еден европски ракометен великан како клубот од Унгарија.
”Фокусот на нашиот разговор беше насочен кон патот на ГРК Охрид и нашите досегашни успеси во Европскиот куп и домашната лига и куп, за кои добивме искрени честитки. Големо признание е кога клуб од светски ранг како Веспрем ги препознава нашите напори и напредок”, – стои во објавата на Кирил Пецаков.

(фото – Фејсбук/Кирил Пецаков)📷








