Екипата на Охрид, која има високи амбиции во Супер лигата за следната сезона се засили со нов ракометар.
Станува збор за ракометарот Адама Кеита, кој од следната сезона ќе го носи дресот на Охрид.
Французинот потпиша со екипата на Охрид за 2026/2027 со можност за продолжување за 2027/2028. Игра на позицијата лево крило, има 28 години (186 цм) и ќе ја облече деветката во сино-белиот дрес.
Доаѓа од тимот на АЕК Атина (Грција), а пред тоа цели осум сезони го носеше дресот на големиот ПСЖ (Франција) со кој има премногу освоени титули. Има настапи за сите младински категории за националниот тим на Франција и освоен бронзен медал на светското јуниорско првенство 2017.
“Започнува ново поглавје за мене. Горд сум што му се приклучувам на ГРК Охрид и што ја започнувам оваа нова авантура во Македонија. Му благодарам на клубот за довербата што ми ја укажа. Доаѓам со голема желба, амбиција и волја да го дадам максимумот на теренот за боите на клубот. Со нетрпение очекувам да започнам и да се запознаам со нашите навивачи”, – изјави Адама Кеита.

(фото – ГРК Охрид)📷








