Никола Нечовски со прв професионален договор со Вардар

Екипата на Вардар, која има високи амбиции во Супер лигата за следната сезона промовираше нов ракометар во првиот тим.

Станува збор за младиот ракометар Никола Нечовски, кој потпиша договор на три сезони со тимот на Вардар.

“Промоција во првиот тим со договор на три сезони и шанса за докажување во сениорска конкуренција ќе добие младиот Никола Нечовски кој беше лично селектиран од страна на Иван Чупиќ и спортскиот директор Владо Недановски. Промоцијата на Нечовски во првиот тим, треба да биде поттик и за сите останати играчи кои се дел од нашите младински категории, дека со сериозен пристап и напредок може да се стигне и до сениорскиот тим. Нечовски во наредната сезона, треба да претставува надополнување на плејмејкерската позиција каде Јака Малус и Матео Фадуил ќе го понесат главниот товар”, – објавија од Рк Вардар 1961.

(фото – Рк Вардар 1961)📷

Давид Маркоски
Давид Маркоски

Давид Марковски-Поранешен ракометар на Рк Макалоски Прилеп и Рк Прилеп.

Администратор на страницата МК-Ракомет.

Вљубен во спортот, а посебно во ракометот.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *