Едвин Џелиловиќ е нов ракометар на Еурофарм Пелистер

Екипата на Еурофарм Пелистер, која има високи амбиции во Супер лигата за следната сезона се засили со нов ракометар.

Босанскиот интернационалец Едвин Џелиловиќ е нов член на Еурофарм Пелистер. 23-годишното десно крило од Тузла потпиша тригодишен договор со Еурофарм Пелистер и доаѓа во најракометниот град со големи очекувања.

Џелиловиќ ја надмина средината и со серија на титули со Извиѓач ќе пристигне во Македонија. Покрај за овој клуб кој доминира во шампионатот на БиХ, Џелиловиќ го носеше дресот и на Грачаница. Висок е 189 сантиметри и тежок 81 килограми, а во поселдните години остави траги играјќи во Европската лига и ЕХФ Европскиот Куп.

Едвин Џелиловиќ ќе биде официјално претставен на почетокот на подготовките за сезоната 2026/27 во јули годинава.

(фото – Рк Еурофарм Пелистер)📷

Давид Маркоски
Давид Маркоски

Давид Марковски-Поранешен ракометар на Рк Макалоски Прилеп и Рк Прилеп.

Администратор на страницата МК-Ракомет.

Вљубен во спортот, а посебно во ракометот.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *