Ракометарките на Деспина забележаа победа против ракометарките на Стружанка со минимални 28-27 во Женската Прва лига.
На полувреме беше нерешено со конечни 15-15. Во второто полувреме Деспина го имаше водството, иако Стружанка се врати, но сепак загуби.
Најефикасна во редовите на Деспина беше Анастасија Јованоска со шест гола, додека кај Стружанка најефикасна беше Тијана Переска со осум гола.
(фото – ЖРК Деспина)📷








