Ракометната Федерација на Македонија (РФМ) ги делегираше судиите и делегатите за 10. коло од плеј-офот и плеј-аутот од Супер лигата.
Судиската двојка Ненад Николовски и Исмаил Металари ќе го судат натпреварот меѓу екипите на Еурофарм Пелистер и Алкалоид, додека делегати ќе бидат Марјан Огњановски и Душко Камишевски.
Натпреварот меѓу екипите на Еурофарм Пелистер и Алкалоид ќе се одигра на 28 мај (четврток) со почеток од 18:00 часот во салата “Боро Чурлевски”, во Битола.
(фото – Архива)📷








