Екипата на Куманово забележа победа на гостувањето кај екипата на Тинекс Пролет со конечни 27-25 во плеј-аутот од Супер лигата.
Иако составот на Тинекс Пролет го имаше водството, сепак составот на Куманово се врати и успеа да слави победа.
Најефикасен во редовите на Куманово беше Тоше Ончев со десет гола, додека кај екипата на Тинекс Пролет најефикасен беше Андреј Стојановски со пет гола.
(фото – МРК Куманово)📷








