Собир на машката младинска репрезентација на Македонија (ФОТО)

Машката младинска ракометна репрезентација на Македонија денеска ги започна подготовките за настапот на претстојното Европско првенство 2026 година за младинци.

Во рамки на подготвителниот период, репрезентацијата тренажниот процес ќе го реализира во спортскиот центар “Јане Сандански”, а пред настапот на Европското првенство ќе одигра и три контролни натпревари.

Младинците на Македонија ќе одиграат пријателски натпревари против Саудиска Арабија, Грција и Италија.

“Ракометната федерација на Македонија ја информира јавноста дека машката младинска репрезентација на Македонија денес, 15.06.2026 година (понеделник), со почеток во 13:00 часот во Hotel “Russia”,се одржа собирот на машката младинска репрезентација на Македонија, со што официјално започнаа подготовките за претстојното Европско првенство”, – објавија од РФМ на социјалните мрежи.

(фото – РФМ)📷

Давид Маркоски
Давид Маркоски

Давид Марковски-Поранешен ракометар на Рк Макалоски Прилеп и Рк Прилеп.

Администратор на страницата МК-Ракомет.

Вљубен во спортот, а посебно во ракометот.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *