Катерина Дамјаноска се збогуваше со Ѓорче Петров

Екипата на Ѓорче Петров, во новата сезона од Женската Супер лига ќе остане без многу важна ракометарка, откако го напушти клубот.

Станува збор за ракометарката Катерина Дамјаноска, која на социјалните мрежи се збогуваше со тимот на Ѓорче Петров. Таа во тимот на Ѓорче Петров настапуваше четири сезони.

“После 4 незаборавни години, дојде време да кажам збогум на еден клуб кој засекогаш ќе остане дел од мене. Овде не пораснав само како играч, туку и како човек и пријател. Стекнав искуство кое ќе го носам цел живот, создадов пријателства кои знам дека ќе траат засекогаш и поминав моменти кои нема да се заборават. Многумина не веруваа во нас, но ние секогаш зборувавме на терен — и заедно покажавме што значи борба, карактер и тим. Освоивме трофеи, испишавме успеси и поминавме моменти што ќе ги носам засекогаш со мене. Благодарна сум за секоја шанса, поддршката и за довербата во мене низ сите овие години. Чест ми беше да го носам овој дрес”, – стои во објавата на Катерина Дамјаноска.

(фото – ЖРК Ѓорче Петров)📷

Давид Маркоски
Давид Маркоски

Давид Марковски-Поранешен ракометар на Рк Макалоски Прилеп и Рк Прилеп.

Администратор на страницата МК-Ракомет.

Вљубен во спортот, а посебно во ракометот.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *