По успешниот бараж натпревар и обезбедениот пласман во македонската Супер лига, раководството на Младост Богданци и искусниот голман Живојин Илиќ постигнаа нов договор за продолжување на соработката и е новото засилување.
Илиќ, кој се приклучи во клубот пред само еден месец, со своето искуство, сигурност и лидерски квалитети даде значаен придонес во остварувањето на големата цел – влез во елитното друштво на македонскиот ракомет.
“Веруваме дека неговото присуство на голот со големото меѓународно искуство (Норвешка,Чешка, Босна, Србија) ќе биде од огромно значење и во предизвиците што нè очекуваат во Супер лигата”, – објавија од Рк Младост 1977 Богданци на социјалните мрежи.

(фото – Рк Младост 1977 Богданци)📷








