Екипата на Овче Поле Славјански Универзитет, која и во следната сезона ќе игра во Женската Прва лига задржа четири ракометарки во своите редови.
Станува збор за ракометарките Јована Ангеловска, Ивана Станчева, Јована Конева и Викторија Димчева.
Сите четири ракометарки ги продолжија договорите, а допрва тимот треба да се засили и со неколку ракометарки.

(фото – ЖРК Овче Поле Славјански Универзитет)📷








