Рк Младост 1977 Богданци

Тешкото гостување кај Работнички му донесе победа на Младост од Богданци

Ракометарите на Младост 1977 Богданци тримуфираа на гостувањето во Скопје кај екипата на Работнички со резултат 28-32 во натпревар од Првата лига.

Младост Богданци ја имаше контролата во текот на цел натпревар за да од Скопје си замине со нова победа и нови три бода во Првата лига, исто така и на полувреме имаше водство екипата на Младост Богданци со три гола разлика.

Најдобар стрелец во екипата на Младост 1977 Богданци беше левиот бек Саше Михајловиќ со десет погодоци, додека кај екипата на Работнички најдобар стрелец беше десниот бек Ѓорѓи Дука со 13 погодоци.

Рк Работнички 28-32 Рк Младост 1977 Богданци

(фото-Рк Младост 1977 Богданци)📷

Давид Маркоски
Давид Маркоски

Давид Марковски-Поранешен ракометар на Рк Макалоски Прилеп и Рк Прилеп.

Администратор на страницата МК-Ракомет.

Вљубен во спортот, а посебно во ракометот.