Андраж Макуц потпиша за Динамо Букурешт

Екипата на Динамо Букурешт, која има високи амбиции за следната сезона во лигата на Романија донесе ново засилување.

Станува збор за ракометарот Андраж Макуц, кој во новата сезона ќе го носи дресот на Динамо Букурешт.

Ракометарот Андраж Макуц настапува на позицијата среден бек и тој доаѓа од редовите на Целје.

Словенечкиот ракометар Андраж Макуц со тимот на Динамо Букурешт потпиша договор на три сезони.

(фото – Рк Динамо Букурешт)📷

Давид Маркоски
Давид Маркоски

Давид Марковски-Поранешен ракометар на Рк Макалоски Прилеп и Рк Прилеп.

Администратор на страницата МК-Ракомет.

Вљубен во спортот, а посебно во ракометот.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *