Фарук Мемиќ се збогува со Еурофарм Пелистер

Тренерот Фарук Мемиќ, кој долги години беше дел од Еурофарм Пелистер во младите категории се раздели со клубот.

Информацијата беше потврдена на социјалните мрежи од тренерот Фарук Мемиќ кој се збогува со клубот.

“Благодарам за секој момент… Не е лесно да се напише збогум на место кое било дел од твојот живот. Во овој клуб пораснав како играч, а потоа добив можност да се развивам и како тренер. Од самиот почеток на РК Еурофарм Работник, па сè до денес како РК Еурофарм Пелистер, секој ден го давав својот максимум со една единствена цел – клубот да биде подобар, а децата што ги тренирав еден ден да го носат дресот на првиот тим. Никогаш не жалев за вложениот труд, ниту за времето поминато во сала. Напротив, горд сум што бев дел од оваа приказна и што имав можност да работам со многу талентирани деца и прекрасни луѓе. Денес се разделуваме, но спомените, пријателствата и љубовта кон клубот остануваат засекогаш. Им благодарам на сите играчи, родители, колеги и пријатели за довербата и поддршката. На РК Еурофарм Пелистер му посакувам уште многу успеси, а јас ќе продолжам да навивам за клубот, каде и да ме однесе животот”, – стои во објавата од Фарук Мемиќ.

(фото – Фејсбук/Фарук Мемиќ)📷

Давид Маркоски
Давид Маркоски

Давид Марковски-Поранешен ракометар на Рк Макалоски Прилеп и Рк Прилеп.

Администратор на страницата МК-Ракомет.

Вљубен во спортот, а посебно во ракометот.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *