Екипата на Татабања, која има високи амбиции за новата сезона во лигата на Унгарија се засили со нов ракометар.
Станува збор за ракометарот Ричард Бодо, кој во новата сезона ќе го носи дресот на Татабања од Унгарија.
Репрезентативецот на Унгарија, Ричард Бодо настапува на позицијата лев бек и тој доаѓа од редовите на ПИК Сегед.

(фото – Рк Татабања)📷








