Екипата на Вардар, која во новата сезона освен во Женската Супер лига ќе игра и во Европскиот Куп ги стартуваше подготовките за новата сезона.
Ракометарките на Вардар подготовките ќе ги одвиваат на домашен терен, каде до почетокот на првенството ќе одиграат неколку пријателски натпревари.
Тимот на Вардар се засили со Марија Дуновска и Анастасија Тодоровска, а ги продолжи договорите и со неколку ракометарки како Леона Миленковска, Ивана Трифуноска, Евгенија Смиљковска, Мина Ѓурческа…
(фото – ЖРК Вардар)📷












