Ракометната федерација на Македонија со задоволство го објави ангажманот на хрватскиот стручњак Драган Јерковиќ, кој ќе биде задолжен за работата со голманите во стручниот штаб на машката сениорска репрезентација на Македонија.
Јерковиќ зад себе има богато интернационално искуство, како и искуство во германската Бундес лига. Во изминатите две сезони беше тренер на голманите во Рајн Некар Левен, а од сезоната 2026/27 својата кариера ја продолжува во Ерланген.

(фото – РФМ)📷








