Кадетите на Прилеп слават победа во Ресен против Преспа (ФОТО)

Кадетската екипа на Прилеп забележа победа на гостувањето кај екипата на Преспа во Ресен со високи 35-25 во кадетската лига.

Ракометарите на Прилеп во текот на целиот натпревар го имаа водството, па на крај да слават сигурна победа против Преспа.

Најефикасни во редовите на Прилеп беа Бојан Наскоски со десет гола и Марко Ивчев со седум гола, а на голот одлични беа и тандемот Ангел Китаноски и Теодор Солунски.

(фото – Рк Прилеп)📷

Давид Маркоски
Давид Маркоски

Давид Марковски-Поранешен ракометар на Рк Макалоски Прилеп и Рк Прилеп.

Администратор на страницата МК-Ракомет.

Вљубен во спортот, а посебно во ракометот.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *