Ракометарите на Овче Поле забележаа победа против ракометарите на Аеродром со минимални 32-31 во Првата лига.
Иако тимот на Аеродром добро парираше во текот на целиот натпревар, сепак Овче Поле ги освои бодовите.
Најефикасен во редовите на Овче Поле беше Филип Петровски со осум гола, додека кај Аеродром најефикасен беше Бојан Божиновски со девет гола.
(фото – ГРК Овче Поле 1958)📷








