Ракометната Федерација на Македонија (РФМ) го организира првиот Женски ракометен форум кој ќе се одржи во Охрид на 26 септември.
Легендите на регионалната женска ракометна сцена: Индира Кастратовиќ, Андреа Лекиќ, Лидија Хорват, Сузана Лазовиќ и Драгана Цвијиќ, заедно со македонските ракометни репрезентативки, младите надежи на женскиот ракомет и нивните ментори, ќе споделат лични мотивирачки искуства.
“„One game. One voice. One future“ – Женски ракометни приказни за инспирација на новата генерација”, – стои во објавата на РФМ.

(фото – РФМ)📷








