Женската сениорска репрезентација на Македонија забележа победа против селекцијата на Србија со конечни 29-21 во натпревар од “Трофеј Македонија”.
Најефикасни во селекцијата на Македонија беа Сара Ристовска со седум гола и Ангела Јанкуловска со пет гола.
Селекциите на Хрватска и Црна Гора одиграа нерешено со конечни 20-20, исто така во натпревар од “Трофеј Македонија”.
(фото – РФМ)📷








