Екипата на Еурофарм Пелистер во продолжението од сезоната ќе биде без важен ракометар, а тоа е Миха Котар.
Ракометарот Миха Котар од Словенија, кој настапува на позицијата среден бек ќе биде пратен на позајмица во Будванска Ривиера.
“Средниот бек Миха Котар кој изминатото лето пристигна во нашиот клуб од екипата на РК Партизан, сезоната 2026/27 ќе ја помине како позајмен играч во црногорската екипата РК Будванска Ривиера. Му посакуваме со успех да ги претствува боите на новиот клуб”, – стои во објавата на Рк Еурофарм Пелистер.

(фото – Рк Еурофарм Пелистер)📷








