Ракометарите на Еурофарм Пелистер дојдоа до лесна победа на гостувањето кај екипата на Прилеп во натпревар од Суперлигата со убедливи 41-24.
Составот на Еурофарм Пелистер уште од почетокот на натпреварот го презеде водството. Екипата на Прилеп се обидуваше да возврати но не успеваше и мораше да се задоволи со пораз.
Најдобар стрелец во екипата на Еурофарм Пелистер беше Ненад Костески со 11 погодоци, додека најдобар стрелец во составот на Прилеп беше Александар Тренчевски со девет погодоци.
Рк Прилеп 24-41 Рк Еурофарм Пелистер
(фото-Рк Еурофарм Пелистер)📷