Во пресрет на празникот 13 Ноември – Денот на ослободувањето на Скопје, ракометарите на Вардар го посетија Музејот на град Скопје.
Преку музејските експонати и приказните за најзначајните настани од минатото, тие имаа можност да се запознаат со историјата на градот која е цели 65 години нераскинливо врзана за Вардар, за сите успеси и порази и за сите црвено-црни спомени.
Во името на клубот, капитенот Васил Гогов на музејот му го подари дресот на клупската легенда Тимур Дибиров, носен на неговиот последен натпревар за Вардар.
Од клубот веруваат дека ваков дел од вардаровата историја, кој потсетува на највисокиот дострел на клубот, а тоа е освојувањето на европскиот трон, заслужува свое место во Музејот на град Скопје.
(фото – Рк Вардар 1961)📷











