Екипата на Преспа забележа победа против екипата на Пролет со минимални 26-25 во натпревар од Првата лига.
Иако до самиот крај на натпреварот беше неизвесно, сепак составот на Преспа се избори за победа против Пролет.
Најефикасни во редовите на Преспа беа Томче Трајчевски и Христијан Антоновски со по шест гола, додека кај Пролет најефикасни беа Алек Крстев и Кристијан Давитковски исто така со по шест гола.
(фото – ГРК Преспа 2025)📷








