Екипата на Борец забележа победа на домашен терен против екипата на Партизан Гевгелија во Првата лига, со конечни 35-33.
Во текот на целиот натпревар се играше доста рамноправно и интересно. Но на крај составот на Борец успеа да слави на домашен терен против Партизан од Гевгелија.
Најефикасен во составот на Борец беше Табаков со 10 погодоци, додека кај екипата на Партизан Гевгелија најефикасен беше Димитар Узунчев со 16 погодоци.
ГРК Борец 35-33 Рк Партизан Гевгелија
(фото-ГРК Борец)📷