Репрезентацијата на Македонија го заврши настапот на Европското првенство во Унгарија и Словачка, и забележа три порази во групната фаза, и во историјата е забележан најлошиот пласман на Македонија.
Нашата селекција заврши на 22-то место од вкупно 24 учесници на Европското првенство во Унгарија и Словачка. Следна цел на Македонија ќе биде пласман на Светско првенство во 2023 година кое се игра во Полска и Шведска.
Конечен пласман од 13 до 24 место:
13. Чешка
14. Србија
15. Унгарија
16. Словенија
17. Белорусија
18. Словачка
19. Португалија
20. Австрија
21. Литванија
22. Македонија
23. Босна и Херцеговина
24. Украина
(фото-РФМ)📷