Европската ракометна федерација (ЕХФ) ги одреди полуфиналните парови за завршниот Ф4 турнир во Лигата на шампионите во машка конкуренција.
Во полуфиналните двојки ќе се сретнат екипата на Барселона со тимот на Кил и екипата на Веспрем со тимот на Киелце.
Завршниот турнир ќе се одигра на 18 и 19 јуни, во „Ланксес Арената“ во Келн (Германија).
Лига на шампиони (мажи) Ф4, полуфинале:
Кил – Барселона
Веспрем – Киелце

(фото-ЕХФ)📷