Екипата на Охрид се засили со левиот бек Тоше Ончев кој доаѓа од словенечкиот тим Тримо Требње.
Тоше Ончев потпиша договор на три години. Ончев доаѓа од Тримо Требње (Словенија), а пред тоа 25-годишниот лев бек својата кариера ја градеше во Вардар Јуниор, Вардар, Пелистер, Вернулт и Ст.Марсел Вермон(Франција), Керкира (Грција) и Работнички.
“Прво пред се голема благодарност до клубот и управата за довербата што се одлучија за мене да ме доведат во своите редови. Кога ми се јавија да преговараме, ми го кажаа проектот за во иднина и тоа ме привлече да се вратам назад во мојата родна земја. Се надевам на големи успеси и излез во европа за наредна сезона”, – изјави Ончев на својата презентација.


(фото-ГРК Охрид)📷