Данил Шишкарев потпиша за ЦСКА Москва

Поранешниот ракометар на Вардар, Данил Шишкарев потпиша договор со екипата на ЦСКА Москва.

Данил Шишкарев кој има 33 години и настапува на позицијата десно крило во ЦСКА Москва доаѓа од екипата на Чеховски Медведи.

Шишкарев освен за Чеховски Медведи настапуваше и за Вардар и за унгарскиот тим Веспрем, а настапува и за репрезентацијата на Русија.

(фото-Рк ЦСКА Москва)📷

Давид Маркоски
Давид Маркоски

Давид Марковски-Поранешен ракометар на Рк Макалоски Прилеп и Рк Прилеп.

Администратор на страницата МК-Ракомет.

Вљубен во спортот, а посебно во ракометот.