
Охрид започна со подготовки за вториот дел од сезоната (ФОТО)
Екипата на Охрид ги стартуваше подготовките за вториот дел од сезоната 2025/2026 во Супер лигата.

Екипата на Охрид ги стартуваше подготовките за вториот дел од сезоната 2025/2026 во Супер лигата.

Хрватскиот репрезентативен пивот Џанфранко Прибетиќ потпиша со Охрид до 2028 година. Прибетиќ доаѓа од најсилната ракометна лига во светот, има 25 години (196цм).

Екипата на Охрид, која има високи амбиции за продолжението од сезоната во Супер лигата ќе учествува на турнир во Србија.

Екипата на Охрид ја стартува втората полусезона на 9 јануари. Екипата 10 дена ќе биде во Србија на зимски припреми.

Еден од најдобрите од минатата сезона, левиот бек, Грузиецот Теимураз Орјоникидзе по повредата со која се здоби при репрезентативен настап во месец мај, на жалост не успеа да му се стави на располагање на тренерот Ројевиќ за време на зимскиот припремен период, по што клубот и играчот се договорија спогодбено да го раскинат договорот кој што беше со важност до крајот на оваа натпреварувачка сезона.

Екипата на Охрид за продолжението од сезоната добива ново засилување, откако се засили со кружен напаѓач.