Екипата на Драчево Јуниор оствари победа против екипата на Текстилец со конечни 38-31 во Првата лига.
Ракометарите на Драчево Јуниор имаа водство во текот на целиот натпревар, па на крај да слават победа против Текстилец.
Најефикасни во редовите на Драчево Јуниор беа Јован Марковски и Димитар Петковски со по девет гола, додека кај Текстилец најефикасен беше Дарио Јорданов исто така со девет гола.
(фото – Рк Драчево Јуниор)📷








