Ракометната федерација на Македонија доби организација на квалификацискиот турнир за пласман на женското кадетско ЕХФ ЕУРО 2027, кој ќе се одржи од 27 до 29 ноември 2026 година во Скопје.
Нашата кадетска женска репрезентација ќе настапи во групата Б, заедно со селекциите на Литванија, Косово и Грција, а турнирот ќе се игра пред домашна публика во македонската престолнина.
Првите две селекции од групата ќе обезбедат пласман на Европското првенство, а дополнително ќе се пласира и најдоброрангираната третопласирана репрезентација од сите квалификациски групи.
(фото – РФМ)📷








