Екипата на Вардар во новата сезона ќе остане без еден голман, откако го напушти тимот и ќе има нов предизвик во ракометот.
Станува збор за голманот Марко Богдановски, кој на социјалните мрежи се збогуваше со тимот на Вардар.
“Би сакал да се заблагодарам на сите оние кои беа дел од мојата за мене преголема историја на Вардар, за мене секогаш во срцето ќе остане овој клуб и најдобрите навивачи во светот @komiti87skopje. До следното видување мој @rkvardar1961“, – стои во објавата на Марко Богдановски.
(фото – Инстаграм/Марко Богдановски)📷








