Астраион забележа победа против Борец

Екипата на Астраион забележа победа во Првата лига, откако во Велес го совлада тимот на Борец со убедливи 48-23.

Разликата на Астраион растеше уште од почетокот на натпреварот, кога на пауза тимот од Струмица замина со предност од 23-9. Во второто полувреме Астраион формално ја завери високата победа против Борец.

Најефикасен кај екипата на Астраион беше Васко Стојанов со осум гола, додека кај екипата на Борец најефикасен беше Антонио Јаневски со 11 погодоци.

(фото-Рк Астраион)📷

Давид Маркоски
Давид Маркоски

Давид Марковски-Поранешен ракометар на Рк Макалоски Прилеп и Рк Прилеп.

Администратор на страницата МК-Ракомет.

Вљубен во спортот, а посебно во ракометот.