Тимот на Чаир, кој во новата сезона ќе настапува и во Европскиот Куп, а за противник ја има екипата на Венло од Холандија, ги пушти билетите за овој натпревар.
Билетите ќе бидат бесплатни што значи влезот е слободен. Овој натпревар се игра на 23 септември од 14:00 часот во салата “Автокоманда”.
„Почитувани, спортски љубители на ракометот, сакаме да информираме дека сите гледачи кои ќе сакаат да го следат овој меч ќе добијат бесплатни билети. Во ситуација кога сме блиску до пласман во третата квалификациска рунда, неопходна ни е максимална поддршка, па затоа ги покануваме сите да дојдат и да ни дадат сила против екипата на Холандија”, – изјавија од ЖРК Чаир.
(фото – ЖРК Чаир)📷