Во продажба се билетите за натпреварот меѓу Еурофарм Пелистер и Висла Плоцк во Лигата на шампионите

Екипата на Еурофарм Пелистер продолжува со настапите во групната фаза од Лигата на шампионите, каде за противник ја има екипата на Висла Плоцк.

Еурофарм Пелистер на социјалните мрежи објави дека се во продажба билетите за натпреварот со Висла Плоцк во Лигата на шампионите.

Цената на билетите е 450 и 550 денари во зависност од местата на седење во салата “Боро Чурлевски”.

Натпреварот меѓу екипите на Еурофарм Пелистер и Висла Плоцк ќе се одигра на 19 февруари во салата “Боро Чурлевски”, во Битола.

(фото – Рк Еурофарм Пелистер)📷

Давид Маркоски
Давид Маркоски

Давид Марковски-Поранешен ракометар на Рк Макалоски Прилеп и Рк Прилеп.

Администратор на страницата МК-Ракомет.

Вљубен во спортот, а посебно во ракометот.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *