Никола Зечевиќ е нов ракометар на Охрид

Екипата на Охрид, која има високи амбиции во Супер лигата на Македонија за следната сезона се засили со нов ракометар.

Станува збор за ракометарот Никола Зечевиќ, кој од следната сезона ќе го носи дресот на Охрид.

Српскиот репрезентативец потпиша со екипата на Охрид миниум до 2028. Игра на позицијата лев бек, има 24 години (200 цм) и ќе го носи дресот со бр.31 од следната сезона.

Доаѓа од шампионот на Србија, Партизан каде што игра одлична улога и во двата правци и заслужено ја носеше капитенската лента во овој тим. Со своите одлични игри се наметнува во првите 16 за националниот тим на Србија каде што има повеќе репрезентативни настапи.

“Многу сум среќен и со нетрпение го очекувам мојот прв настап во дресот на Охрид. Не ми беше тешко да ја донесам оваа одлука и да ставам потпис со клубот, со оглед на големите амбиции на клубот кој расте од ден на ден на чело со тренерот Ројевиќ, кого го познавам долги години. Едвај чекам да заиграм пред охридската публика која прави неверојатна атмосфера и се надевам дека ќе ги оправдам очекувањата на сите луѓе во клубот и секако на навивачите и убеден сум дека заедно ќе ги исполниме зацртаните цели”, – изјави Никола Зечевиќ.

(фото – ГРК Охрид)📷

Давид Маркоски
Давид Маркоски

Давид Марковски-Поранешен ракометар на Рк Макалоски Прилеп и Рк Прилеп.

Администратор на страницата МК-Ракомет.

Вљубен во спортот, а посебно во ракометот.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *