Екипата на Овче Поле Славјански Универзитет, која има високи амбиции за новата сезна во Женската Прва лига доби нова ракометарка во своите редови.
Станува збор за ракометарката Стефанија Павловска, која во новата сезона ќе го носи дресот на Овче Поле Славјански Универзитет.
Ракометарката Стефанија Павловска настапува на позиција лево крило и по паузата од повредата повторно ќе го носи дресот на тимот од Свети Николе.

(фото – ЖРК Овче Поле Славјански Универзитет)📷








