Составот на Еурофарм Пелистер со победа против Радовиш од 34-25 се одјави од есенскиот дел во Супер лигата.
Се знаеше дека на овој натпревар фаворит беше екипата на Еурофарм Пелистер, која имаше водство на полувреме од 19-12. Во вториот дел со лесни погодоци, составот на Еурофарм Пелистер ја завери победата кај Радовиш.
Најефикасен во екипата на Радовиш беше Александар Вујниќ со шест погодоци, додека кај екипата на Еурофарм Пелистер најефикасен беше Ненад Костески со девет погодоци.
Рк Радовиш 25-34 Рк Еурофарм Пелистер
(фото-Рк Еурофарм Пелистер)📷