Во Скопје се одржа состанок со претставници од регионот од ракометните федерации, каде домаќин беше РФМ (ФОТО)

Претставници на ракометните сојузи и релевантни клубови од регионот одржаа состанок на кој беше постигнат значаен исчекор кон унапредување на регионалната соработка и развојот на ракометот.

На прес-конференција најавено е Светското првенство за училишен ракомет

Во просториите на Ракометната федерација на Македонија се одржа официјална прес-конференција по повод Светското училишно првенство во ракомет – Скопје 2026, кое од 20 до 29 април ќе се одржи во нашиот главен град.

Претседателот на РФМ, Александар Стефанов и генералниот секретар Влатко Тасевски на состанок со претставници од Црна Гора и Србија (ФОТО)

Претставници на ракометните федерации на Србија, Македонија и Црна Гора одржаа заеднички состанок на кој главна тема беше формирањето на регионални лиги во машка и женска конкуренција.

Претседателот на РФМ, Александар Стефанов на состанок во Загреб (ФОТО)

На иницијатива на ЕХФ и потпретседателот Предраг Бошковиќ, и со домаќинство на ХРС, во Загреб се одржа работен состанок посветен на унапредување на регионалната соработка и системите на натпреварување.

Горан Кузманоски, Филип Миркуловски, Владо Недановски, Милан Лазаревски и Горан Ѓоргоноски ќе учествуваат на панелот “РАКОМЕТОТ СПОРТ БРОЈ 1” организиран од САМО РАКОМЕТ (ФОТО)

Порталот Само Ракомет од Скопје по вторпат ќе организира панел дискусија под името “РАКОМЕТОТ СПОРТ БРОЈ 1”.