Екипата на Куманово ги започна подготовките за новата натпреварувачка сезона, со јасна цел, успешен настап во Супер лигата и продолжување на контнуираниот развој на клубот.
Шефот на стручниот штаб на Куманово, Александар Радосављевиќ истакна дека пред тимот е ново поглавје, исполнето со предизвици, но и со оптимизам.
„Нова сезона, нова приказна. Пред нас се нови предизвици како клуб, но верувам дека сме подготвени да одговориме на нив. Имаме изменет играчки кадар, дел од ракометарите го напуштија клубот, а пристигнаа нови засилувања. Сигурен сум дека со својот квалитет ќе придонесат за да го подигнеме нивото на играта во претстојната сезона”, – изјави тренерот на Куманово, Александар Радосављевиќ.
(фото – МРК Куманово)📷








