Екипата на Струга, која има високи амбиции за новата сезона во Супер лигата се засили со нов ракометар.
Станува збор за ракометарот Христијан Крстаноски, кој во новата сезона ќе го носи дресот на Струга.
Ракометарот Христијан Крстаноски настапува на позицијата лев бек и тој доаѓа од редовите на Куманово.
Христијан Крстаноски е роден токму во Струга и ги има минато сите младински категории во својот матичен клуб. Тој има настапувано и за екипите на Вардар Неготино и Металург РА.

(фото – Инстаграм/Христијан Крстаноски)📷








